Категории

Како да го решите секој проблем во животот: Топ 10 совети од Роман Абрамович!

Рускиот милијардер Роман Абрамович верува дека поголемиот дел од нашите проблеми не настануваат како последица на слуувања, неуспеси, потези или други луѓе, туку поради лошите ментални навики кои ги има поголемиот дел од луѓето.

Тој советува да се откажете од следните 10 форми на однесување и на тој начин да се ослободите од проблемите!

1. Не носете нагли заклучоци

Оваа навика може да ви го направи животот лош на два начини. Прво, веруваме дека знаеме што ќе се случи, па вниманието и делата ги насочуваме кон таа претпоставка. Но, поголемиот дел од претпоставките на крај се погрешни, па така и нашите постапки. Другата страна на оваа навика е тоа што веруваме дека умееме да читаме мисли и да знаеме зошто другите луѓе го прават тоа што го прават. Повторно, погрешно. Многу погрешно. Оваа бесмислена навика ги уништува односите меѓу луѓето како ништо друго.

2. Без драма

Луѓето честопати се склони кон преувеличување и од малите успеси прават големи катастрофи. Зошто го прават тоа? Којзнае, можеби за да изгледаат и да се чувствуваат дека се важни? Во секој случај, станува збор за нешто глупаво и деструктивно.

3. Не измислувајте правила

Голем дел од оние „морам“ и „неопходно е“ всушност се потполно бескорисни, само си внесувате нервоза и чувство на вина. А зошто? Пратејќи ги овие имагинарни правила вие го оптеретувате мозокот со непотребни препреки и детско однесување.

4. Избегнувајте етикети и стереоптипи

Зборовите кои ги користите ве дефинираат. Јазикот на негативноста и критиките генерираат и таков начин на размислување. Трудејќи се да ги сместите појавите и луѓето во категории, ја губите способноста да го сфатите нивното вистинско значење. На крај, толку многу ќе ја ограничите својата способност за давање мислење што и самите ќе станете потполно бескорисни.

5. Не бидете перфекционисти

Животот не е само црно-бел, ниту пак се заснова врз паролата „сѐ или ништо“. Во поголемиот дел од случаите, „доволно“ всушност е сосема доволно. Ако барате совршена работа, веројатно никогаш нема да ја најдете. Секоја ќе ви делува полошо од што навистина е. Перфекционизмот е ментална болест која не ви дозволува да уживате, туку ве тера да барате проблем во сѐ.

6. Никогаш ништо не генерализирајте

Да паднете еднаш или два пати, тоа не е знак на вечен неуспех. Исто така, ненадејниот успех нема да ве претвори во гениј. Секој настан, лош или добар, па ни два, три, не се правило. Запомнете засекогаш – кругот на (не)среќата секогаш се врти.

7. Ништо не ставајте при срце

Поголемиот дел од луѓето, вашите пријатели и колеги, не говорат, не мислат и не се грижат за 99% од своето време. Многу соседи и колеги не ве познаваат, ниту имаат желба да ве запознаат. Затоа, што и да слушнете, ништо не ставајте при срце. Тие луѓе немаат ништо со вас, а ние вие со нив.

8. Не им верувајте на емоциите

Она што го чувствувате не е секогаш знак за она што се случува. Изворот на емоции честопати може да биде замор, глад, иритација, носот кој тече, што и да е. Без разлика дали се чувствувате добро или лошо, тоа немаа ништо да промени. Емоциите можеби се точни, но не ја прикажуваат вистината.

9. Избегнувајте апатија

Трудете се да бидете оптимист. Ако очекувате лоши работи во животот и на работа, ќе ви се случат на крај. Негативниот став е исто како да го гледате светот низ валкани очила со лоша диоптрија. Почнете да барате нешто позитивно и ќе најдете.

10. Престанете да живеете во минатото

Ова е најважниот совет од сите – заборавете и живејте! Нашиот бес, разочарување, несреќа и очај најчесто доаѓаат од проблемите во минатото, навредите… Што повеќе се враќате во минатото, сѐ полошо ќе се чувствувате. Заборавете го минатото, живејте ја сегашноста, планирајте ја иднината!