Категории

Како да го вратите сјајот на цвеќињата?

Цвеќињата се украсот на секој двор, на секој балкон. Нивната форма, цветот и бојата ги прават посебни. Доколку забележите дека полека венеат и веќе го немаат истиот сјај од претходно, подгответе ја оваа смеса која на природен начин ќе им даде сила и ќе ја врати нивната убавина.

Потребни состојки:

  • една кора од банана
  • лажица мелено кафе
  • лушпа од едно јајце

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и прелијте ги со топла вода. Изблендирајте. Со лажица ставајте на цвеќињата од добиената смеса. Очекувајте повторен сјај.

Прегледи:
626
Објавено на:
19.03.2019