Како да го заштитите лицето од надворешните влијанија и појавата на брчки? Идеална маска за сите типови на кожа!

Свесни сме дека кожата на лицето е најизложениот дел од телото на секојдневните влијанија. Надворешни фактори, стрес, начин на живот, исхрана – сето тоа влијае врз нејзиниот квалитет. Но, годините се највлијателниот фактор врз кожата кој остава траги. Живееме во време на најразлични хируршки зафати и интервенции, меѓутоа тие воопшто не би биле потребни доколку навреме започнеме со правилната нега на лицето. Кожата ќе остане свежа, хидрирана и еластична, без разлика на возраста. Токму затоа, студиото за убавина La Sensa особено внимание посветува на оваа проблематика, нудејќи маски и третмани за најквалитетна и најефикасна нега на кожата.

Маска за лице Виталите – еликсир на младоста

Во студиото La Sensa отсега имате можност да уживате во резултатите од маската за лице Виталите. Оваа маска ви овозможува моментално откривање на убавината и комфор за поеластична подмладена и сјајна кожа благодарејќи на дејството на витамините и ултра хидрантните активни состојки. Маската е особено идеална за повозрасна кожа нудејќи извонредна регенеративна, ревитализирачка и заштитна моќ. Се нанесува слој со средна дебелина, се остава да делува 15-20 минути. Потоа се отстранува со марамица и на крај се храни кожата со лосион Aqua Vital.

Водителката Милена Антовска Станковска која е на почетокот на триесеттите години од животот веќе редовно ужива во благодетите на оваа маска

Оваа маска за разлика од повеќето нуди повеќе функции и придобивки кои се забележуваат уште при првиот третман:

1. Го зголемува задржувањето на вода во ткивата на кожата

2. Ја ревитализира, динамизира и потхранува кожата за подобрување на тонот, квалитетот и текстурата

3. Го засилува клеточниот метаболизам

4. Релаксирачки третман, идеален за справување со кожа под стрес

Оваа делотворна маска е создадена од последната генерација на активни компоненти за длабинска хидратација на кожата. Се базира на својствата на поларизирана вода која е способна да навлезе и во најдлабоките слоеви на кожата обезбедувајќи 3Д хидратација. Го забрзува клеточниот метаболичен систем на отпадни материи, ја подобрува текстурата и изгледот на кожата. Гарантира физиолошка регулација на протокот на вода. Претставува дериват на витамин Е со хидратантно, анти-воспалително дејство кој успешно се справува против стареењето и слободните радикали. Исто така се смета за биолошки антиоксидант. Во својот состав има и комплекс од масла од пченка, соја и сончоглед. Исклучително богати со витамини Б1, Б2 и Б6, како и А и Е, со регенеративно, ревитализирачко и освежително дејство. Важен е и поради содржината на Пантотенска киселина, Адермин, каротен и ергостерол.

 

Овозможете и интензивна хидратација и третман за виталност на кожата на вашето лице, идеална за повозрасни кожи на кои им е потребна дополнителна енергија. Оваа кремаста и пријатна текстура на кожата моментално и ја враќа виталноста и комфорот, а притоа кожата станува понежна, поеластична, изедначена и сјајна, полна со свежина и младост. Закажете го вашиот третман во студиото за убавина La Sensa и заштитете се од сите штетни влијанија на вашето лице. Само еден чекор ве дели до сјајната, мазна и негувана кожа!




Коментари

коментари