Како да имате креативен живот, дури и ако мислите дека немате креативна „жичка“?

Креативност е способност да се создаде креативно дело (уметничко или научно), кое е истовремено оригинално и корисно. Иако не го познавале овој термин, античките Грци верувале дека постои “нешто” што им овозможува на поедините луѓе да се изразат.

Всушност, изворот на инспирацијата им го припишувале на нивните музи, но од денешна гледна точка знаеме дека станува збор за креативност. Од тогаш, па до почетокот на 20-от век, креативноста се сметаше за карактеристика на надарените поединци, а денес се смета за универзален човечки потенцијал што секој може да го постигне, а еве и како.

Ако се ослободиме од товарот кој го носи зборот “креативен” и од митовите поврзани со фактот дека креативноста им припаѓа само на избраните луѓе, ќе сфатиме дека позади креативноста, всушност, се крие љубопитноста. Имено, целата креативност започнува со љубопитноста.

Сите големи пронајдоци и уметнички дела настанале како резултат на нечија љубопитност. На пример, Да Винчи сакал да дознае дали човекот може да лета, затоа ги дизајнирал направите за летање. Тој никогаш не би успеал да не бил љубопитен. Потребно е да си дадете шанса за да ја развиете својата љубопитност. На пример, ако секогаш сте сакале да напишете книга, зошто да не пробате?

Дадете си време и откријте ја вашата креативност. Се разбира, не е лесно да го откриете она во што сте добри, но до одговорот ќе дојдете единствено со методот на грешки и обиди. Обидете се еднаш неделно, или барем еднаш месечно, да одвоите еден час за да ги проучите сопствените интереси. На пример, можете да го земете фотоапаратот или мобилниот телефон и да прошетате низ околината во потрага по одлични кадри или нови идеи. Запрашајте се што ви звучи забавно и следете ја таа идеја. Бидете креативни!




Коментари

коментари