Како да изберете соодветна играчка за вашето дете?

Родителите најдобро ги познаваат интересите, потребите и желбите на своите деца, сепак, читање на декларации, илустрации, упатства и етикети на пакувањата на играчките ќе им помогне во изборот на играчките.


Етикетите на играчките се определуваат врз основа на четири критериуми:

1. Критериум за безбедност.
2. Возраста на детето која одредува кога детето е физички подготвено да ја користи одредената играчка за играње.
3. Когнитивна способност на детето која го одредува разбирањето на начинот на користење на играчката.
4. Интерес на децата за одредена возрасна група.

На што треба да се обрне внимание при изборот на играчката?


– Проверете кој е производителот и увозникот на играчката. Секогаш избирајте доверливи и потврдени производители и увозници на играчки.
– “CE“ ознаката покажува дека играчката ги исполнува сите основни безбедносни и здравствени барања.
– Прочитајте ги и обрнете внимание на сите наведени ПРЕДУПРЕДУВАЊА!
– Обрнете внимание на возрасната група за која е наменета играчката.




Коментари

коментари