Категории

Како да изгледате угледно и софистицирано – Бон-тон совети кои ги применуваат луѓето со сина крв

Како да изгледате богато, културно и угледно. Овие нешта ги практикуваат и припадниците на кралските семејства.

Честопати се прашуваме зошто ги правиме работите на одреден начин и обично има многу рационална причина зад тоа. На пример, кралицата Елизабета е позната по тоа што секогаш ја носи чантата во левата рака затоа што сака да ја држи десната рака слободна за ракување. Единствениот пат кога ќе ја смени позицијата на чантата е ако сака да го извести својот персонал дека сака да го заврши разговорот. Ова се некои од најважните правила и однесување што ќе ве подготват за секој социјален настан.

1. Заштитете го лимонот со рака или лажица кога го цедите.
Сокот од лимон е една од најболните работи што може да заврши во нечие око. Затоа, треба да создадете штит околу лимонот со една рака или лажица.

2. Ставете ја салфетката на крилото во форма на правоаголник, а не на триаголник.
Салфетките за вечера се обично доста големи и затоа најдобриот начин да ги ставите во скут е да ги преклопите на половина во форма на правоаголник. Кога ќе завршите со оброкот, не преклопете ја салфетката, туку оставете ја на левата страна од чинијата.

3. Не кревајте го малиот прст кога пиете чај.
Кога пиете чај, избегнувајте да го кревате малиот прст, иако многу луѓе сметаат дека е соодветно. Наместо тоа, користете ги показалецот и средните прсти за да го турнете дното на чашата кон устата.

4. Користете ја левата рака при кивање или кашлање, а не десната.

5. Почекајте домаќинот да седне на трпезата пред да започнете со јадење.

6. Кога некој ќе ви побара соларник, подадете им го заедно со пиперот.

7. Ако повикате некого на деловен ручек, вие треба да го платите.

8. Кога ќе пристигне садот со лебот, немојте да бидете први кои ќе ја зграбат кришката.

9. Не го мешајте чајот на погрешен начин. Не би требало да биде во насока на сказалките на часовникот туку од југ спрема север.

10. Ташната секогаш држете ја во левата рака.

11. Не барајте да ви ги спаковаат остатоците од деловната вечера.

12. Пријдувајте кон трпезата од лева страна а напуштајте ја од десна страна.

Прегледи:
585
Објавено на:
14.04.2021