Како да ја издржиме осаменоста за време на самоизолацијата?

Поради ширењето на коронавирусот, ние сме принудени да се изолираме, односно физички да се дистанцираме од пријателите, семејството и со луѓето со кои обично ги поминуваме деновите. Токму ова доведе до нов здравствен проблем – осаменост.

 

Дали знаете дека долгорочниот ефект на осаменост врз здравјето може да имаат сличен ефект како пушењето или дебелината?

Кај луѓето кои не се чувствуваат поврзани со други луѓе, може да се развие депресија, срцеви заболувања, когнитивните функции стануваат послаби и на крај може да се намали и животниот век.

И без моменталната состојба која што моментално нè раздвојува, се чини дека многу луѓе страдаат од здравствени проблеми поврзани со социјалната изолација.

Луѓето често ја обвинуваат технологијата за ширење на осаменоста, меѓутоа, таа исто така може да биде многу значајна. Социјалните мрежи имаат важна улога во ова, важно е само како ги користите.

Ќе се согласите дека сега е совршено време за да извежбате користење на технологија на социјално здрав начин.

 

Еве што сугерираат експертите:

 

Дружете се лице-во-лице, на растојание

Ако веќе нема личен контакт, најдобрата опција е видео разговор, затоа што така се гледаат изразите на лицето, говорот на телото и другите невербални комуникации важни за поврзување.

 

Бидете љубезни, ништо нема да ве чини

Добивањето многу лајкови на вашиот пост на социјалните мрежи може да биде како допаминска инјекција, но и оставате порака на некој пост со искрен комплимент. Таа е повеќе лична и предизвикува трајно добро чувство. Љубезен збор во времиња како овие им е потребен на сите.

 

Продлабочете или проширете ги односите

Во основа постојат два начина да се надмине осаменоста, да се негуваат постојните односи или да се создадат нови. Искористете ја можноста и продлабочете ги односите со некој што веќе го знаете или обидете се да стапите во контакт со некој што сакате да го запознаете.

 

Искористете ги предностите на социјалните платформи

Ширењето на коронавирусот не потсетува дека човечките врски можат да шират болести. Но, тие исто така можат да промовираат и нови вредности.

Оваа можност треба да ја искористите за да ја препознаете важноста на меѓучовечките односи за вашето здравје и придобивките на социјалните мрежи за социјална благосостојба. Постојат се повеќе апликации и социјални платформи создадени за да ни помогнат.

 




Коментари

[fbcomments]