Како да ја одржите љубовната врска со партнерот за време на коронавирусот?

Клучни совети од психотерапевтите како да ја олесните напнатоста во овој тежок период

Според најновите информации, адвокатите предвидуват пораст во бројот на разводи до крајот на годината. Овој период сигурно ќе влијае врз односот помеѓу партнерите и сопрузите, самоизолацијата ја зголемува напнатоста па многу често се создаваат несогласувања и напнатост.
Психотерапевтите советуваат како да ги пребродите несогласувањата и да ја спасите вашата врска од пропаст.

Бидете свесни за чувствата на партнерот
Најважно е да не претпоставувате дека и другата личност има исти чувства како и вие во целата оваа ситуација. Понекогаш мислим дека другите се чувствуваат и мислат како и нас. Претпоставките ја хранат огорченоста кога се покажуваат погрешно. Поради тоа водете јасни и отворени дијалози за да избегнете да ги читате мислите на партнерот. Никој од нас не го искусил ова претходно па поради тоа сите се носиме на различен начин со моменталната ситуација, што е сосема нормално.

Комуницирајте
Со многу напнатост и неизвесност може да биде тешко да се одржува отворен дијалог, особено ако сте исплашени и вознемирени.
Со цел да ја преживеете лутината и фрустрацијата обидете се да бидете смирени и да реагирате сталожено.
Многу е лесно да ги обвините другите кога сме под стрес а тоа не му помага на никој.

Соочете се со фактот дека околностите ќе бидат предизвикувачки
И покрај добрата волја, многу е веројатно дека во ваквите околности ќе се расправате често. Запомнете дека секој се носи со стресот на различен начин и дека вашиот начин не е единствен, покажете разбирање и прилагодете се на неговиот.

Ставете ги големите расправии на пауза
Иако тензиите се нормални во ваква ситуација, не би требало да го искористите тоа за да ги извадете сите проблеми во врската. Избирајте ги вашите битки внимателно и проценете дали е вистински вредно да водите борба во вакво време.

Обидете се да пронајдете време еден за друг
Ако и двата работите од дома обидете се да ја одржите вашата врска стабилна така што ќе ги поделите работните обврски во домот.
Исто така, издвојте време за вас помеѓу обврските во кое ќе правите некои заеднички активности, како гледање нови серии или филмови, или играње игри.




Коментари

[fbcomments]