Категории

Како да ја разликувате кашлицата која е симптом на корона вирусот од онаа „обичната“?

Светската здравствена организација сподели како да ја разликувате „обичната“ кашлица од онаа која се јавува како симптом на корона вирусот

Кашлицата е една од главните симптоми која прва се јавува кај заболените од Covid-19.
Како што објаснуваат стручњаците, ваквата кашлица е сува, односно не прати исфрлање на било каков секрет.

Британскиот Radio 2 објави снимка на кој аможе да се слушне како звучи сувата кашлица која најчесто се јавува како последица на овој вирус.

-Кога кашлате, а не искашлувате слуз, се работи за сува кашлица. Во случајот на вирусот корона не зборуваме за кашлица која се појавува повремено, туку за константна кашлица за која нема друго објаснување освен пушењето или прочистување на грлото.
Истакнува Лора Фостер која додаде дека на вирусот треба да се посомневате ако кашлицата следи и температура повисока од 37,8 степени.

Британскиот Mirror сподели аудио запис на кашлицата проследена од корона вирусот.

https://www.mirror.co.uk/tv/tv-news/what-coronavirus-cough-sound-like-21714542#ICID=OffSiteVideo