Категории

Како да ја стекнете неопходната физичка и ментална кондиција: Со пилатес за долговечност и добро здравје

Пилатесот нуди голем број вежби кои се осмислуваат индивидуално за потребите на корисникот. Пилатесот е, исто така, базиран врз научните сознанија за анатомијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Здравиот дух и здравото тело се поддржуваат едно со друго. Суштината на пилатесот не е само да намалите килограми најбргу што можете или да ги дефинирате мускулите, туку цел живот да ги користите овие вежби за да останете функционални и витални до длабоката старост. Кога ќе ја сфатите целта, убавото обликувано тело и грациозното движење ќе бидат појави кои се неизбежни во процесот.

Фитнес на телото и умот – пилатес

„Ние сме првото пилатес студио во Македонија и ги поставивме стандардите во вежбањето на оваа дисциплина. Верувам дека преку пилатесот, вежбачите ја стекнуваат неопходната физичка и ментална кондиција, како и самодоверба. Преку формирањето на стабилна фигура и балансиран мускулен систем, пилатесот помага многу поефикасно да се соочуваме со сите дневни предизвици, деловни и приватни. Досега сме работеле со многу жени, од оние кои имале сериозни физички повреди, преку професионални танчерки па се до професионални спортисти и сите од нив ги почувствуваа придобивките од пилатесот“, вели Магдалена Митевска, сопственик на професионалното пилатес студио PowerHouse Pilates.

Mind Body fitness е секоја физичка активност која се спроведува со висок степен на свесност. Тоа вклучува пилатес, јога, како и спортски тренинзи кои се извршуваат свесно со јасно дефинирана цел и оптимална мускулна активација. Пилатесот бара концентрација на телото, умот и дишењето бидејќи со промена на положбата на телото се менува и нашето расположение како и ставот кон себе и другите и на тој начин постепено се развива интроспекција.

На кој начин пилатесот може да го промени животот?

Човекот не е секогаш свесен колку е значајно да живееш во тело во кое зглобовите и кичмата функционираат правилно, сѐ додека не дојде до ситуација движењето, а со тоа и самиот живот да му стане ограничен. А кога ќе дојде до промена, кога човекот ќе ја врат својата функционалност, движењето без болки станува подарок кој го менува животот. Учејќи ги клиентките да го извлечат најдоброто оод своето тело, PowerHouse Pilates им помага да се движат поудобно низ животот, полесно и самоуверено.

Пилатесот има голема улога во рехабилитацијата по повредите, но е од голема корист и за здравите личности, за да научат како да го одржат телото здраво, витално и секогаш ефикасно. Доколку сѐ уште не сте дел од пилатес групите во PowerHouse Pilates во едно од студијата во Дебар Маало, Аеродром или Кисела Вода, уверете се зошто ова пилатес студио е прво и најдобро студио кај нас, и олеснете го патот до вашата цел – физичка и ментална кондиција на телото.