Како да комбинирате парчиња со светки за празничната сезона

Што се празничните забави без малку гламур и светки?

Можеби во останатиот дел од годината, светликавите парчиња умеат да бидат премногу екстравагантни и кич, но кога е во прашање празничната сезона и новогодишните забави, тогаш тоа е моментот резервиран само за нив.
Сепак, треба да бидете исклучително внимателни при нивното комбинирање и стилизирање за да избегнете да изгледа невкусно и вулгарно.
Доколку одберете блуза или кошула со светкав дезен, внимавајте остатокот од гардеробата да е прилично неутрален, истото важи и кога се во прашање здолништата.
Доколку се одлучите за светликав фустан, тогаш одберете салонки во неутрална боја, едноставна класична фризура и минимален или воопшто да немате накит.
Што и да одберете, нема да поминете незабележано а ќе изгледате шик и party расположени.




Коментари

[fbcomments]