Категории

Како да користите Google Maps кога нема интернет?

Пристапот до интернет може да биде непријатно искуство на патувањето, особено ако го користите телефонот и Google maps за да го пронајдете патот.

Сепак, во таква ситуација, практична е опцијата Google Maps за офлајн употреба која овозможува добивање на потребните насоки. Оваа опција нема да даде прецизни податоци за пешачките и велосипедските патеки, но затоа ќе даде солидни офлајн насоки како да стигнете до саканата дестинација.

Треба да знаете дека преземените мапи имаат рок на траење, бидејќи Google редовно ги ажурира.

Како да симнете офлајн мапи?

Стартувајте ја апликацијата на Google Maps на својот Android или iPhone телефон и бидете логирани на својот Google профил.

Одберете ја мапата на градот или областа што сакате да ја преземете. Од менито на дното на екранот со името на местото што сте го барале, одберете ја опцијата Download.

Google ќе ја прикаже мапата и ќе ве праша дали сакате да ја преземете. Повторно притиснете Download за да го потврдите изборот и уживајте во авантурите.

Прегледи:
330
Објавено на:
25.05.2016