Како да му го привлечете вниманието? – Облечете ЦРВЕНО, тоа е бојата на љубовта и страста

Една од најслабите точки на посилниот пол е таа кога жената носи црвена боја.

Дамите во црвено секогаш мамат погледи и воздишки кај спротивниот пол – потврди уште една студија во низата. Истражувањето на научниците од универзитетот во Рочестер покажа дека жените се попривлечни кога носат гардероба во оваа боја.
Мажите тогаш се подготвени да направат се за да ја повикаат на состанок и да потрошат повеќе пари на неа.

Кога истражувачите спроведоа мал експеримент, повторно дојдоа до истиот заклучок. Пребарувале низ профилни слики на жени кои носеле облека во различна боја, а на крајот се испоставило дека мажите највеќе се интересирале за оние кои носеле црвено.

Оваа боја најчесто се поврзува со љубовта и страста, а уште еден интересен податок е тој што животните поцрвенуваат кога се сексуално возбудени.




Коментари

[fbcomments]