Како да му ја олесните летната жештина на вашето бебе

Високите температури не се пријатни за никој, а особено не се пријатни за најмладите, за постарите и за оние со здравствени проблеми.

Што вие како родители може да направите вашето малечко да се чуствува полесно во овие горештини.

Најдобро е да биде во климатизирана просторија, а климата се препорачува да биде со регулатор за топлина и за влажност на воздухот.

3874205-child-07-1469005361-650-bb8e550510-1469437505

Не ја намалувајте нагло температурата, тоа правете го постепено.

3874105-3102671-1469214362-650-63b38adfab-1469437505

Идеалната температура е 22 степени Целзиусови, но сепак тоа зависи и од надворешната температура. Погрижете се да нема драстични разлики. Додека влажноста на воздухот е препорачлива од 40 – 60 %.

3874355-2102671-1469278327-650-0af801084c-1469437505

Воздухот од климата никако да не биде насочен кон бебето.

3874055-child-06-1469011273-650-6cba9633b5-1469437505

Освежувачки туш или бањање се препорачува на неколку часа. Не го сушете целосно, оставете ја водата да испари сама, на тој начин се активира излезната топлина.

3874155-child-02-1469001230-650-783dfdccca-1469437505

Климата го суши воздухот, па затоа е добро од време на време да отварате да се проветри и да се измеша воздухот.

3874255-1102671-1469214402-650-ace7f268a0-1469437505

Давајте му на вашето малечко многу течности, прилагодени во зависност од возраста. Тоа може да биде вода, природен сок или хербален чај. Не го присилувајте да пие, понудете му, бебето знае колку му е доволно.

3874305-child-01-1468996491-650-ba7fc30e15-1469437505




Коментари

коментари