Како да постигнете божествено виткана коса – Само 3 чекори

Локните и брановидната коса се една од најубавите женски фризури кои секогаш ја истакнуваат женската сензуалност и елеганција. Иако ваквата фризура е тешко да се постигне, со оглед на тоа како изглеа, трудот е вистински вреден.

Ви откриваме 3 чекори кои ќе ви помогнат да постигнете божествени бранови како од фризерски салон.

Чекор 1
Многу е важно вашата коса да е чиста и свежо измиена за да го има оној природен волумен и лелеавост која е потребна. Доколку ја сушите вашата коса со фен, пред тоа нанесете серум за суви врвови кој ќе спречи локните да изгледаат суво и безживотно. Така ќе добиете сјај и здрав изглед на вашата коса.

Чекор 2
Доколку природно немате многу волумен во вашата коса, користете пена за коса која дава волумен. Таа ќе ви помогне вашата коса полесно да се навиткува и фризурата да ви трае подолго време.

Чекор 3
Користете витлери за коса. Можеби ова ви звучи како старомодна метода за еден тренди изглед, но вистина е дека витлерите се користат толку долго поради тоа што се вистински корисни и притоа нема да ја оштетат вашата коса.
Држете ги најдолго што можете.
Откако ќе ги извадете, не заборавајте да поминете со чешел со широки забци низ нив за брановите да се соединат и вашата коса да изгледа волуменозно како од фризерски салон.

 




Коментари

[fbcomments]