Како да препознаете МАНИПУЛАТОР во вашето опкружување

Некои луѓе со цел да ги остварат своите планови, не бираат средства, па се служат со најразлични видови манипуација. Ова се најчестите типови на манипулатори

Нив ги сретнуваме секој ден. За цел на своите интереси се спремни на екстремни нешта и психолошки механизми кои ги користат за да успеат во тоа.
Некои манипулатори се тешки за да се препознаат, имаат лукав настап а често несе ни свесни колку штета му нанесуваат на жртвите. Што побрзо ќе ги воочите нивните механизми на манипулација, ќе ви биде полесно да се заштитите.

1.Вечна жртва
Особите кои се служат со овој тип на манипулација во секој меѓучовечки однос завземаат улога на жртва со цел на тој начин да ги остварат своите намери. Во главно тие манипулат на овој начин така што играат на картата на сожалување и често тоа им поаѓа од рака па го усмеруваат ова однесување кон оние за кои знаат дека ќе можат да ги придобијат.

2.Експерт паметен
Луѓето кои се служат со овој тип на манипулација во главно се полни со самодоверба и се сметаат за експерти во разни области. Тие ќе се обидат да ве манипулираат така што ќе ве критикуваат, ќе ја потценуваат вашата работа и вештини, со цел да докажат дека се подобри и супериорни од вас во секој поглед.

3.Лажен слабак
Овој вид на манипулација го користат особите кои се кријат зад маската на лажен слабак, неспособен за живот без вас, осуден на самотија. Тие ја кријат својата моќ и сила, и константно покажуваат лажна слабост и немоќ со цел да ве спречат да ги напуштите.

4.Подбуцнувач
Подбуцнувачите не бираат сретства, па се трудат да ги достигнат своите цели така што ќе се обидат да ве скараат со вашите пријатели, или членови од семејството. Тие лесно и едикасно можат да предизвикаат конфликт, а дури и да не учествуваат во него.

5.Експлозивец
Тоа се личности кои ќе „згрмат“ за нешта на кои не ви паѓа на памет, може да е и за некое прашање кое ќе им го поставите. Ваквиот вид на манипулација се остварува со помош на без и агресивност, па манипуларот ќе предизвика страв кај вас и на тој начин тој управува со вас со цел да ги оствари своите намери.

6.Господин/госпоѓа Неппогрешлив
Оваа особа мисли дека е совршена а сите други имаат мани. Не очекувајте дека тие ќе превземат одговорност за некоја работа, затоа што тие „никогаш не грешат“.

7.Неспретен преведувач
Тоа се личности кои на фин начин ќе ги извртат вашите зборови со цел да ве претстават онака како што ним им одговара. Се што слушаат од вас можат да го претворат во дезинформација која ќе им послужи да манипулираат со вас.

8.Голем заводник
Заводниците флертуваат со сите околу себе и сакаат да го заведат целиот свет. Тие ќе користат разни сретства со цел да ве придобијат и да го нахранат своето его, а а нивната манипулација ретко кој може да останува рамнодушен.




Коментари

[fbcomments]