Категории

Како да реагирате на зависта, злобата и навредите?

Поучна мудрост како да реагирате на зависта, злобата и навредите


„Живеел еднаш еден стар мудар самурај.

Имал група ученици и ги обучувал за мудростите на боречките вештини. Еден ден, за време на обуката му дошол еден млад борец, познат по својата грубост и суровост.
Неговата омилена тактика била провокацијата: Го навредувал противникот и така тој губел трпение и го прифаќал предизвикот, а во бес правел грешка по грешка и секако, на крајот ја губел борбата.
Така се случило и овој пат. Борецот му кажал неколку навреди и почнал да ја набљудува реакцијата на самурајот. Самурајот мирно продолжил со предавањето.
Ова се повторило неколку пати. Кога самурајот не реагирал никако и по трет пат, борецот бил лут и заминал од предавањето.

Останатите ученици внимателно, со интерес ја набљудувале оваа ситуација. После заминувањето на борецот, еден не издржал:
-Учителу, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!

Мудриот самурај одговорил:
-Кога некој ќе ви донесе поклон, а вие не го прифаќате, каде ќе заврши поклонот?

-Кај својот сопственик – одговориле учениците.

-Истото важи и за зависта, омразата, навредите и злобата. Се додека не ги прифаќате, тие и припаѓаат на личноста која ги донела.“

Прегледи:
441
Објавено на:
07.01.2020