Категории

Како да се изборите со салото на стомакот и да направите совршено обликувани стомачни мускули?

Поминаа сите декемвриски и јануарски празници, деновите се подолги, а пролета за момент ќе чукне на вратата. Имате доволно време за вашата програма со која ќе ги избришете сите непотребни масни наслаги да биде таква што практично нема да ја почувствувате. Ако вашата цел е рамен стомак, тогаш морате да пристапете стратешки, бидејќи долготрајното и макотрпното вежбање не се гаранција дека ќе ја постигнете целта.

Рамниот стомак е 80% исхрана и 20% вежбање, а од тие 20% само 10% се стомачни вежби. Тоа значи дека салото од стомакот не можете да го отстрани правејќи само стомачни вежби! Токму сега доаѓаме до правилната исхрана и кардио тренингот. За почеток, салото на стомакот главно се состои од рафиниран шеќер, преработена и масна храна, алкохол и храна која содржи многу сол. Нашиот организам едноставно ја губи битката со тие намирници и затоа е потребно да ги избегнуваме.

А сега, добрата вест! Храната која ја внесувате во организмот мора да биде квалитетна, но и квалитетно распоредена, што значи дека нема да јадете помалку, туку повеќе. Препорачливо е да внесете 3 главни оброци во текот на целиот ден и 2 помали ужини. Малите и квалитетни оброци ни помагаат да го одржуваме нашиот организам сит во текот на денот, а тука посебно важен е појадокот, кој ни дава енергија. Со овој начин на исхрана исто така ги спречуваме доцните оброци, кои се и едни од главните виновници за салото на стомакот.

Појадокот треба да биде обилен. Дозволете си доволно јаглехидрати и протеини, а појадокот изедете го 1 час откако ќе се разбудите. Исто така, можете да се напиете чаша нискокалорично млеко. За ужина изедете нешто масно, најдобро би било еден грст бадеми или несолени кикиритки. Потоа, за ручек повторете ја комбинацијата со протеини и јаглехидрати, но оние квалитетните, како варен компир. Следува уште една ужина која може да биде овошје, интегрални крекери или зеленчук. Вечерата треба да биде лесна, а многу добро би било да комбинирате протеини и масти. Добар избор би било посно сирење со маслиново масло, марула со туна и слично.

Златни правила за исхраната:

1. Секогаш појадувате.

2. Пожелна е комбинацијата со протеини и јаглехидрати, како и протеини и масти. Не е добро да комбинирате јаглехидрати и масти, особено ако станува збор за спојување компир и масло (помфрит).

3. Немојте премногу доцна да јадете овошје и немојте премногу да го комбинирате со други намирници. Добра комбинација е она овошје што содржи вода и зелен лиснат зеленчук, а немојте во мешавината да додадете зеленчук кој содржи скроб.

4. Дозволете си еден ден за мамење. Само еден ден во неделата можете да изедете оброк кој не спаѓа под здрава исхрана. Нема да ви наштети!

5. Измерете го вашиот струк и следете ги резултатите. Мерењето на вагата честопати може да нè излаже, бидејќи таа сепак не знае колку килограми создаваат мускулите, а колку е салото. Со мерењето на струкот најдобро ќе ги препознаете резултатите. Нема да штети и доколку се фотографирате, па да го повторите фотографирањето по одреден временски период.

Вежбање – 100 стомачни или не?

Кога ја регулирате исхраната, со помош на вежбањето ќе го забрзате отстранувањето на салото од стомакот и ќе го обликувате телото. Бидете умерени, вежбајте неколкупати неделно, но не изоставувајте го вежбањето со лесни тегови, бидејќи тие ќе помогнат во топењето на мастите. Пример за добро вежбање би можело да биде добро истегнување, загревање од 10 до 15 минути на лента за трчање, потоа да следуваат неколку серии со тегови и на крај, интензивен кардио тренинг. Никако немојте да заборавите уште едно истегнување на крајот од тренингот. И за крај, стомачни вежби. Правете ги во умерени количини, а кога ќе го отстраните салото од стомакот, зголемете ги стомачните вежби, сѐ додека не дојдете до посакуваниот облик. Ако не сакате да одите во теретана, тренингот можете да го правите и дома.

Прегледи:
665
Објавено на:
30.01.2017