Категории

Како да се разбудите без кафе

Многу луѓе тешко стануваат од кревет, а поспаноста може да им го уништи целиот ден. Можеби се обидувате да го решите утринското „бунило“ со кафе, но може да се расоните и без овој магичен пијалак.

За почеток, кренете ги ролетните и осветлете ја просторијата, а ако немате многу природна светлина во станот, најубаво е да прошетате надвор.

Изложеноста на светлина е важен дел од будењето бидејќи е директно поврзана со создавањето мелатонин во телото.

Следното најдобро нешто што може да го направите е туширање и тоа наизменично со топла и ладна вода. Така се активираат деловите од мозокот кои ја регулираат будноста, но и се забрзува метаболизмот.

Наутро, но и во текот на целиот ден треба да пиете вода за да се хидрирате, а со тоа ја подобрувате и концентрацијата.

Од голема важност е и здравиот појадок богат со влакна и јаглени хидрати кои ќе ви дадат енергија за денот пред вас. Корисен е и свежо цедениот сок од портокал, посебно ако го пиете музиката што ја обожавате.

Прегледи:
273
Објавено на:
07.05.2016