Како да се справиме со психолошките проблеми за време на самоизолацијата?

Променетата секојдневна рутина, финансиските грижи и загриженоста за сопственото здравје и здравјето на најблиските може да доведат до сериозни психолошки проблеми.

Како можете себеси да си помогнете?

Според психолозите, стравот и анкциозноста, депресијата и досадата, лутината и иритацијатаво време на пандемијата може да доведат до стигматизација за време на социјалната дистанца, изолација и карантин.

 

Што можете да направите за да избегнете такви психички проблеми колку што е можно повеќе?

 

Планирајте го вашето време однапред

Создадете сопствена дневна рутина и следете ја. Една од најбитните работи и за децата и за возрасните е рутината и предвидливоста. Тие ни помагаат да го одржувиме чувството за ред и значење и да ја контролираме ситуацијата. Во вашата рутинавклучете дневни активности како што се работа, учење, вежбање, грижа за здраваисхрана. Учениците треба да ги извршуват училишни задачи според упатствата на наставникот, според вообичаениот распоред. Физичката активност ефикасно нè штити од вознемиреност и нарушувања на расположението, особено за децата на кои им е потребно повеќе вежбање отколку на возрасните. Во согласност со годините, вклучувете ги децата во домашните работи, правете нешто за што обично сте немале време, играјте со нив – вклучете социјални игри и електронски медиуми.

 

Останете поврзани со вашите најблиски преку телекомуникациите

Користете телефонски разговори, смс пораки, видеоповици и социјални мрежи за да останете во контакт со вашите најблиски. Поврзете се со луѓе кои се во слична ситуација како вас. Комуницирајте со соседите, роднините и пријателите за тоа како тие го поминуваат времето.

 

Водете здрав начин на живот

Обезбедете соодветен сон, урамнотежена исхрана и физичка активност. Избегнувајте алкохол и други психоактивни супстанции.

 

Корисни психолошки стратегии за управување со стресот

Не размислувајте и не зборувајте за најлошите катастрофални исходи. Фокусирајте се на она што можете да го направите за да бидете добро и што е добро за вас и вашите најблиски. Гледајте филмови, серии, интересни документарни филмови, прочитајте нешто интересно и пријатно, решавајте загатки, играјте друштвени игри. Разговарајте и за други работи, испланирајте што ќе правите откако ќе заврши изолацијата, така што Ковид-19 не треба да биде единствената тема на разговор.

Ако имате симптоми на сериозен стрес, како што се продолжено нарушување на спиењетоили зголемена употреба на алкохол и други психоактивни супстанции, контактирајте психијатриска служба за поддршка преку телефон или е-пошта. Ако претходно сте посетиле психолог или психијатар, обидете се да договорите да продолжите со третманот преку скајп или телефон.




Коментари

[fbcomments]