Категории

Како да се справите со критикување?

За да успееме во животот мораме да знаеме да прифатиме критики. Способноста да се прифати критиката е важен дел од успехот.

Критика е форма на комуникација која предизвикува конфликти помеѓу поединците или групите.
Не постои човек кој не се соочува со критики. Критиката е нормална појава кај пријателите и партнерите.

Многу луѓе поимот критика го подразбираат како нешто негативно. Точно е дека критичарите се дел од животот и дека критиката е нешто со што мораме да се соочиме. Повеќето луѓе премногу сериозно ги сфаќаат ситните поплаки на околината и ги гледаат како лични навреди. Доолку критиката не се соодветна важно е да останете рамнодушни.

Зошто луѓето критикуваат?
Луѓето сакаат да критикуваат, бидејќи сметаат дека сме направиле нешто лошо за другите или за себе, или бидејќи можевме да направиме нешто подобро. Во повеќето случаи, луѓето нè критикуваат, бидејќи тие направиле нешто лошо за себе или за другите.

Постојат конструктивна и деструктивна критика.

Деструктивната критика се користи кога сакаме да повредиме или да понижуваме некој. Ваквата критика обично предизвикува одбранбено однесување и не нуди никакви решенија. Постои опасност критикуваната личност да ја доживува критиката како напад и да реагира со контра-напад или повлекување.

Што значи конструктивна реакција на критиките?
Став дека критикувачот можеби е во право, или делумно право, и дека неговите пораки можат да бидат корисни.

Што ќе постигнеме со прифаќање конструктивна критика?
Се постигнува соработка помеѓу критикуваниот и критичарот. Речиси секоја критика во себе има зрно вистина.

Секој има право на свое мислење. Секогаш ќе запознавате луѓе кои размислуваат поинаку од вас. Кога ќе се помирите со тоа, критиките нема да ве повредуваат. Обидете се да ја сфатите критика и да ја прифатите. Обидете се деструктивната критика да ја претворите во конструктивна.