Категории

Како да станете жена со стил?

Многу жени посакуваат да изгледаат добро и да имаат стил, но не знаат од каде да започнат. За почеток е добро да се знае што значи да се има стил. Да се има стил не значи слепо да се следи модата, туку да се одбира облека која идеално одговара на вашиот карактер и расположние, но и прилика за која се облекувате а истовремено таа облека не заостанува зад трендовите.

1.Примери
Најдобриот начин да го изберете стилот е да барате примери. Свртете се околу себе, погледнете ги жените кои имаат стил, прелистајте магазини или гледајте ги познатите жени од модниот свет од вашата доба за кои се коментира дека имаат стил.

2.Критичен но современ став
Погледнете во вашиот плакар и исфрлете ја облеката која не одговара на вашиот нов стил, со цел да имате простор за нови современи парчиња.

3.Започнете со неутрални комбинации
За да се чувствувате добро во своја кожа не треба да започнете со експериментирање веднаш. Постапно градете промена без драстични изгледи со цел останатите да се навикнат и да избегнете коментари. Кога ќе дојдете до степен да се чувствувате пријатно во својата облека и да сте секогаш средени, можете да почнете да експериментирате и да градите индивидуален стил. Сликата однадвор треба да го рефлектира чувството одвнатре.

Прегледи:
101
Објавено на:
26.11.2020