Категории

Како да успеете да не се здебелите преку зима? Тоа не е воопшто тешко!

Грицкањето од досада е најголемиот непријател на витката линија, па поради тоа оваа храна треба да ја исфрлите од домот и од работното место. Одлучете се што ќе готвите во текот на целата недела и носете готвена храна и на работа.

Иако повеќето од нас повеќе јадат во текот на пролетта и летото, сепак побрзо се дебелееме зимно време. Тоа е така бидејќи за време на топлите месеци јадеме повеќе овошје и зеленчук, а зимно време потсвесно имаме потреба меѓу другото и со храна да го загрееме огранизмот, па така природно расте желбата за масна и калорична храна. Исто така, од големо значење е и фактот дека зимно време помалку се движиме и поради тоа трошиме и помалку калории.

Еве што е препорачува да јадете и кои техники да ги применувате за да го сопрете процесот на дебелеење во текот на зимата.

Внесувајте овес и леќа

На пример, парче месо кое ви останало од ручекот или вечерата можете да го помешате со здрава салата од зеленчук и овес или леќа, зачинувајќи го тоа со лажица мајонез, помешано со малку јогурт. Имајте на ум дека на работа треба да внесете и еден меѓуоброк, најдобро тоа да биде јогурт, овошје или малку јаткасти плодови.

Кога сте гладни, напијте се чаша вода

Занемарувајќи го чувтсвото на жед, често го заменуваме со глад. Освен тоа, зимно време просториите со централно греење допринесуваат до дехидрација на организмот. Секој возрасен човек дневно треба да внесува околу 1, до 2 литри течност.

Држете го мозокот и рацете зафатени 

Кога сме нервозни, како и кога ни е досадно, неретко посегнуваме по храна која инаку не би ја јаделе, како што се гумени бонбони или лажица еурокрем и слично. Затоа кога ќе го почувствувате првиот знак на досада дајте му “работа” на мозокот и на рацете: решавајте крстозборки, направете рапсоред за утрешните обврски, препишете ги во тетратка омилените цитати од некоја книга или завршете некои обврски во домот кои сте ги одложиле за подоцна. Ако имате повеќе време, размислете и за некое хоби.

Жесток напад на глад? Причекајте пет минути

Во состојба на емоционална глад тешко се контролира апетитот, но не е невозможно. Важно е да сте свесни кога и зошто се јавува потребата за храна, како би делувале на причината. Кога чувството на емоционална глад е најизразено, почекајте пет минути. Тргнете се настрана од храна, испијте чаша вода и пронајдете одредена занимација.

 

Прегледи:
357
Објавено на:
27.11.2017