Категории

Како да утврдите дали јајцата се свежи ? Овој тест е се што ви треба !

Ако немате баба или дедо на село од кои можете да земете свежи јајца, немате друг избор освен да купите од супермаркетите.

Дали производите кои стојат на полиците се секогаш свежи ? Еве лесен куќен тест со кој можете да  го утврдите тоа.

Потребен  ви е длабок  стаклен  сад или чаша, вода и неколку секунди време..

Прво во стаклениот сад или чаша ставете ја водата. Јајцето нежно ставете го внатре и набљудувајте што се случува.

Ако јајцето е свежно,тоа ќе падне на дното. Малку старото јајце со еден дел ќе биде на дното, а со другиот дел подигнато кон површината, додека јајцето кои лебди на површината на водата ризично е за употреба и подобро би било воопшто да не го користите.

Прегледи:
598
Објавено на:
21.01.2016