Категории

Како да заштедите пари и да патувате по светот?

Еден од најубавите моменти на многу луѓе е моментот на планирање на следното патување. Но, за многумина, тоа претставува и голем проблем, затоа што финансиски не можат да дозволат да си ја исполнат својата желба.

Но, ако подобро размислиме, постојат начини на кои можеме да заштедиме за да ја посетиме земјата од соништата.

Еден до начините да заштедите е да престанете да давате пари за готово кафе. Наместо да одите на кафе во кафе бар, викнете ги вашите пријатели дома. Направете го нивното омилено кафе и уживајте во домашна атмосфера.

Престанете да купувате скапи, готови оброци и научите да готвите. На овој начин ќе заштедите пари, но и ќе научите да направите некој нов специјалитет.

Престанете да купувате облека во секој момент кога има попуст. Таа што ја имате сигурно е  сосема доволна.

Престанете да купувате најнова технологија, сосема во ред да ги користите и стариот лаптоп и старата верзија на iPhone, се додека работи. Скратете ја тарифата со вклучен интернет и користете само Wi-Fi мрежи.

И за крај, наместо да плаќате членство во теретана, трчајте и вежбајте надвор. Нема ништо поубаво од физичка активност на свеж воздух.

 

Прегледи:
320
Објавено на:
08.02.2018