Како да заспиете брзо – методи за заспивање за 10 и 60 секунди!

Дали поради стрес од настаните во текот на деност, дали поради премногу кофеин, или поради непогодени температурни услови – голем дел од нас буквално се мачат за да заспијат. Но, сепак постојат методи за да се „хакне“ заспивањето.

1.Заспивање за 10 секунди

Забелешка: Целата вежба трае 120 секунди, од кои последните 10 ве заспиваат.

Ова е популаризирано како „војнички метод“. Пред-училиштето за пилоти на Воените сили на САД го измислиле овој метод, за да им помогнат на пилотите да заспиваат за 2 минути. На пилотите им биле потребни по 6 недели за да го усовршат, но функционирал – дури и по пиено кафе и со звуци на огнени оружја во позадината.

Методот

  1. Релаксирајте го целото лице, вклучувајќи ги мускулите во устата.
  2. Релаксирајте ги рамената и рацете нека ви бидат од страните на телото.
  3. Издишете, релаксирајќи го градниот кош.
  4. Релаксирајте ги нозете, бутовите и листовите.
  5. 10 секунди замислувајте релаксирачка сцена (облаци, ледина…)
  6. Ако ова не функционира, 10 секунди пополека кажувајте си: „Не мисли“.
  7. Во наредните 10 секунди, би требало да заспиете.

Ако ова не ви функционира, работете повеќе на дишењето и релаксацијата на мускулите.

2. Заспивање за 60 секунди преку 2 методи

4-7-8 метод на дишење

  1. Одделете ги малку усните и испуштете слаб звук на издишување.
  2. Затворете ги усните и вдишете тивко, низ носот. Избројте до 4 во главата.
  3. Чувајте го здивот 7 секунди.
  4. Издишувајте како на точка 1, во траење од 8 секунди.
  5. Комплетирајте го овој циклус со 4 вакви круга. При четвртиот круг веќе би требало да заспивате.

Прогресивна релаксација на мускули (ПРМ)

  1. Подигајте ги веѓите највисоко што можете, во траење од 5 секунди. Ова ќе ги зацврсти мускулите на вашето чело.
  2. Веднаш потоа, релаксирајте ги челните мускули и осетете како се намалува тензијата. Почекајте 10 секунди.
  3. Насмевнете се широко за да креирате тензија во образите. Држете ја насмевката 5 секунди. Релаксирајте ја.
  4. Паузирајте 10 секунди.
  5. Затворете ги очите најсилно пто можете. Држете ги така 5 секунди. Релаксирајте ги.
  6. Паузирајте 10 секунди.
  7. Навалете ја главата наназад доволно за целосно да го гледате плафонот. Држете ја така 5 секунди. Релаксирајте го вратот.
  8. Паузирајте 10 секунди.
  9. Вакви затегнувања и релаксирања правете со секој мускул надоле по телото, сѐ додека не заспиете.

 




Коментари

[fbcomments]