Како да заспиете по напорниот ден?

Имате напорен ден и одвај чекате да се наспиете, а кога ќе легнете никако не можете да заспиете.

За да ја победите несоницата, применете некој од следниве совети:

  • Ако пушите цигари, не палете цигара пред спиење бидејќи никотинот ја забрзува работата на срцето и мозокот. Изедете банана. Таа е богата со мелатонин и триптофан, како и со магнезиум- кои ќе ви помогнат полесно да заспиете.
  • Не го користете телефонот и не гледајте телевизија бидејќи светлината која ја емитираат го пореметува вашиот внатрешен часовник. Кога сме веќе кај часовникот, трегнете го од своја близина бидејќи гледањето во него или слушањето на звукот од сказалките внесува нервоза и ве расонува.
  • Една чаша топло млеко е доволна да ве смири и заспие, благодарение на триптофанот кој се наоѓа во млекото.
  • Истуширајте се со топла вода, телесната температура во ноќните часови се намалува, па нејзиното зголемување ќе ве опушти.
  • Избегнувајте кафе неколку часа пред спиењето- докажано е дека кофеинот се задржува во телото 8 часа по неговиот внес.
  • На навлаката за перница нанесете неколку капки масло од лаванда, или ставете кесичка со оваа билка близу главата- нејзиниот мирис ги намалува срцевата фрекфенција и притисокот, па има релаксирачки ефект.
  • Дишете длабоко- затворете ги очите, затворете ја устата и вдишете воздух броејќи до 4, а потоа задржете го воздухот додека не изброите до 7. Додека издишувате бројте до 8, а потоа целата постапка повторете ја 3 пати.
  • Ако ве загрижуваат проблемите, земете лист и пенкало и запишете ги. На тој начин поинаку ќе се соочите со нив и стресот ќе се намали.
  • Не е препорачано да се вежба најмалку 4 часа пред спиење, бидејќи толку време е потребно адреналинот и температурата на телото да се вратат во нормалните вредности.



Коментари

коментари