Категории

Како денес изгледа момчето од „Терминатор 2“ (ФОТО)

Едвард Фарлонг после улогата во „Терминатор“ 2 стана тинејџерска ѕвезда, но од 1991 година работите значително се променија, а тоа можеби најдобро го илустрираат неодамнешните фотографии од Лос Анџелес.

32-Годишниот Фарлонг после славата неколку години се борел со алкохолизмот и зависноста, а иако продолжил да работи во светот на шоу-бизнисот, никогаш не постигнал успех како во „Терминатор 2“.

2-10

Во едно интервју за магазинот „People“ во 2012 година тој призна дека конзумирал хероин и кокаин. „Беше навистина страшно. Веќе и не размислувам за забава. Тоа сега ми делува осамено, излегување, клубови и дрогирање. Имам кошмари поради дрогата“, изјави тогаш Фарлонг.

3-5

Актерот помина 61 ден во затвор, а во 2013 година беше и на рехабилитација. Неговата поранешна сопруга Рејчел Книленд побара забрана за приближување бидејќи наводно бил насилен. Тој со неа има и деветгодишен син Итан.

Прегледи:
558
Објавено на:
24.10.2016