Како до почист воздух и поздрав живот?

Во последните неколку години сите сме сведоци за квалитетот на воздухот кој го дишеме во главниот град, особено во зимскиот период – рангирани највисоко на листата на најзагадени градови во светот, први во Европа, Скопје стана идеален град за снимање на хорор филмови.

Загадувањето во Скопје доаѓа од повеќе извори како што се домаќинствата, фабриките, градежните активности, транспортот и слично. Она што ние како граѓани можеме да го превземеме во свои раце за нас и нашите најмили да дишат почист воздух, е сигурно транспортот. Транспорот е еден од најголемите загадувачи на Скопје особено автомобилите, а сите знаеме дека возењето автомобил во 8 часот наутро претставува сѐ, освен задоволство и брзо превозно средство. Гужвите се неизбежни, нервозите уште помалку.

Здружението #НаТочак во последниве неколку години активно придонесува за околината, ги поттикнува и охрабрува луѓето да заборават на автомобилите и да практикуваат да ги извршуваат своите дневни обврски со велосипед. Практично, едноставно, без гужви, помалку загаденост и пред се активен живот кој придонесува до спречување на когнитивниот пад, ја изострува меморијата и учењето и ги подобрува севкупните перформанси на мозокот.

Неколку компании исто така земаа придонес во поттикнувањето на луѓето да користат велосипед како примарно превозно средство, преку поставување на велосипедски паркинг места, меѓу кои и Polleo Sport. Најголемиот специјализиран ланец во регионот за спортска исрхана и спортска опрема, постави засега 5 паркинг места за велосипеди, но од Polleo Sport велат дека тука нема да застанат.

“Скопје е идеален град за секој граѓанин да користи велосипед секојдневно. Наша цел како компанија е да го поддржиме спортот и да го поттикнеме активниот начин на живот, со оваа иницијатива на поставување на паркинг места за велосипеди сакаме да ги поттикнеме луѓето да се активираат спортски, да стекнат здрави навики и начин на живот. Во почетокот на новата година ќе поставиме уште 10 нови паркинг места на локации кои ќе бидат практични за сите да ги користат и да имаат каде да ги остават своите велосипеди за да можат да ги извршат секојдневните обврски. Со ова се надеваме дека ќе го подигнеме нивото на водење на активен и здрав живот. – велат од Polleo Sport.




Коментари

коментари