Категории

Како до поквалитетен и здрав живот?

Исхраната е од суштинско значење за раст и развој, здравје и благосостојба. Јадењето здрава исхрана придонесува за спречување идни болести и подобрување на квалитетот и должината на животот. Експертите на Polleo Sport препорачуваат неколку важни суплементи во исхраната.

Maca Powder, Organic, 250 g

За зголемена енергија и имунитет!

Благодарение на новите трендови, маката станува се повеќе популарна. Исклучително богата со нутриенти како витамин Ц, бакар и железо маката на Numbers are Good наоѓа примена во секое смути, оброк или енергетско колаче.

Природен антиоксиданс

Маката е популарна кај спортисти и рекреативци кои водат здрав и активен живот. Помагаат во зголемувањето на сила, енергија, издржливост и севкупен перформанс. Со потекло од Перу, нашата мака е органска и природна и како таква претставува моќен антиоксиданс односно помага во неутрализирањето на штетните слободни радикали и намалување на ризиците од хроничните болести како што се рак, дијабетес, срцеви проблеми и сл.

За воини и љубовници

Маката отсекогаш нудела сила и енергија на човековото тело. Исто така кога се зема во нормални количини, поттикнува плодност и либидо кај мажите и жените. Кај машките е бројот и подвижноста на сперматозоидите додека кај жените е регулирање на нивото на хормоните во телото.

Значително подобрување на расположението во текот на денот!

Маката често се асоцира со гинсенг. Расте на висини над 4000 метри и докажано помага во зголемувањето на расположението и намалувањето на депресија. Спроведените истражување покажуваат дека луѓето кои секојдневно користат мака имаат зголемена енергија и виталност и како резултат на тоа и зголемено расположение.

Идеален додаток за жени во менопауза!!

Неурамнотежениот естроген во телото кај жените може да доведе до надуеност и нередновни месечни и ненадејни промени на расположение. Ваква неурамнотеженост со себе носи тешкотии во овулирање и евентуално забременување. Маката го враќа балансот на хормоните и ја контролира количината на естроген во телото и со тоа помага во менопаузата, напливи на топлина и немирен сон.

Spirulina Powder, Organic

Вистински superfood која содржи целосен спектар на нутриенти!

Спирулината е сино зелена слатководна алга стара 3.6 милијарди години што ја прави една од најадаптивните организми во историјата на светот а со самото тоа и една од најмоќните извори на нутриенти.

Органската спирулина во прав е пред се природна храна составена од најхранливите делови на слатководната алга од кои 60% се протеини и аминокиселини. Протеините ни помагаат во изградбата и обновувањето на ткивото, вклучувајки ги и мускулите. Протеинот во спирулина е биолошки целосен и како таков ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Не содржи тврди молекулни мембрани што значи дека нејзината апсорбција и искористеност се на врвно ниво. Дополнително спирулината е исклучително богата со витамини и минерали кои смалуваат умор, одржуват нормална функција на нервниот систем, зајакнуваат имунитет и здравје на кожа и многу други придобивки. Од минералните се издвојува високата количина на железо која придонесува за пренесување кислород во крвта и ја прави спирулината погодна за вегани и вегетаријанци.

Пигментите кои ја даваат препознатливата боја на спирулината исто така имаат свои бенефити и помагаат во одржување на здравјето на срцето и зајакнување на имунитетот.

Cocoa Nibs, Organic

100% органски какао зрна познати како најздрав и најприроден лек во облик на чоколадо!

Органските какао зрна не се термички обработени и како такви ги задржуваат сите нутритивни состојки во максимална количина. Природно се богати со магнезиум, железо, цинк и влакна. Еден од најмоќните антиоксиданси во природата на кој се темелат сите чоколадни производи.

Од витамините доминира витаминот Ц, кој е добро познат по своите антиоксидансни својства и влијание на имунитетот. Какао зрната користени во секојдневната исхрана нудат многу бенефити меѓу кои и подигнување на расположението, зголемувањето на нивото на сератонин и ублажување на симптомите на анксиозност. Ублажува ПМС, контролира апетит и нивото на шеќер во крвта. Подобрува циркулација, превентивно делува на создавањето на тромбови и го подобрува нивото на холестерол во крвта.

Грицкањето на какао зрната отпушта и ендорфин, природен опијат кој се наоѓа во нашиот организам и дава чувство на расположение и задоволство. Идеални како меѓуоброк или како дел од вашите оброци и слатки.

Chia семе

Chia семето претставува супер билка поради исклучително квалитетните хранливи материи кои се среќаваат во неа. Се одгледува во Јужна Америка и тоа илјадници години како основен дел од исхраната на Азтеките и Маите како и во модерното време. Има големи дози на омега 3, влакна и протеини и е полна со долготрајна енергија.

Chia семето има висока концентрација на омега 3 поготово како извор на алфа-липоична-киселина, која е есенцијална масна киселина. Омега 3 масните киселини помагаат во заштита на телото поготово од болести на кардиоваскуларниот систем, срцето и регулирање на холестеролот. Повеќето од нас внесуваме премногу омега 6 масни киселини и премалку омега 3. Нивниот идеален сооднос би бил 1 : 3. Chia како извор на омега 3 не ги содржи штетните состојки кои се наоѓаат во рибата (пр. жива или диоскин), ниту ги содржат и анти нутритивните состојки кои се среќаваат во лененото масло.

Chia – та е богата и со влакна, антиоксиданси, калциум и протеини. Тоа значи дека чиата содржи повеќе протеини и аминокиселини од останатата зрнеста храна како и голем удел на влкна кои го намалуваат холестеролот, помагаат при дигестија и ве држат сити поголеми временски периоди. Исто така е добар извор и на железо, витамин А, Б3 и магнезиум.

Chia семето се одгледува во Јужна Америка на повеќе од 30 фарми во процес на производство кој е стандардизиран и строго надлгледуван со цел да се обезбеди најдобар квалитет и чистина од 96%. Се сушат на топол воздух, редовно се тестираат и внимателно се следи целиот производен процес вклучувајки ги и потребните обуки за одгледување одбирање на вистинските услови и сл.

Денес Чиа семките се популарни кај спортисти, активни луѓе и луѓе кои внимаваат на своето здравје. Посебно се погодни за спортови на издржливост поради долготрајната енергија која ја обезбедуваат и заштита на мускулатурата која ја нудат благодарение на богатиот аминокиселински профил.

Прегледи:
533
Објавено на:
28.01.2019