Категории

Како до совршен струк за само 10 минути дневно? (ВИДЕО)

Летото помина, но тоа не значи дека не треба да ја одржувате линијата или да ги ислкучите тренинзите. Имајте на ум дека вежбањето има подеднакво позитивен ефект врз вашето тело и врз вашето здравје и затоа започнете со процес на упорно преобликување на вашето тело.

Совршено обликуваната линија околу половината е водечки императив во светот на фитнесот, барем за жените. Тоа е дел од телото кој што има врска со генетиката и типот на телото, но со соодветно прилагодена диета и упорни вежби, можете да постигнете сè што сте си замислиле и да изгледате совршено.

За вашиот напор да вроди со плод, треба од вашата исхрана да ги елиминирате нездравата, мрсна храна и слатките. Ова е одрекување, кое не ни е баш драго, но навистина е важно да ги следите овие правила, затоа што овие се продукти кој што се наталожуваат само во пределот на половината, во форма на масни наслаги.

Абдоминалната област се активира на скоро секоја вежба, но доколку сакате да ја вежбате линијата на половината, ќе треба да вклучите вежби кои се специфични само за пределот на половината. Овие вежби се претежно статични, затоа што бараат поголемо повторување.

За успешно обликување на половината, ви издвоивме едно видео со вежби за пределот на половината.