Категории

Како е да се биде „во кожата“ на секој хороскопски знак?

Бикот е хедонист кој ужива во убавата храна, Девицата е прагматична и педантна, Лавот е горд и арогантен, а Шкорпијата злобна и осветољубива, сепак постојат уште многу нешта со кои се одликуваат хороскопските знаци.

Како е да се биде „во кожата“ на секој знак според астрологијата?

Овен
Сака да ги прослави своите најсреќни моменти со своите најблиски, но најчесто тие не се тука. Завршува сам во некој паб и повраќа во тоалетот додека нема никого да му ја држи главата.

Бик
Би направил се за својот брат/сестра, дури и она што му се чини најекстремно и страшно. Но му се чини дека тие не го чувствуваат истото кон нив, Бикот копнее за поголема блискост со своите браќа и сестри.

Близнаци
Пријателите ги претставуваат како комуникативна личност која е прониклива и дружељубива иако постојат денови кога ни збор не излегува од нивната уста. Често пати пријателите им велат да замолчат и дека од нив не може да се дојде до збор.

Рак
Се што сакаат е само секој да се сложува со секого. Особено ги боли фактотот што нивните пријатели не го сакаат нивното момче/девојка. На крајот тие мораат да изберат помеѓу двете страни, но не можат да го направат тоа. Најчесто се длабоко повредени.

Лав
Ја носат својата нова омилена облека, се шминкаат поразлично, постигнуваат некој голем успех но им се чини дека тоа никој не го забележува, никој не им честита и на никого не им е гајле за тоа.

Девица
Имаат чусвтво дека луѓето постојано ги тестираат нивните граници на трпението затоа што знаат дека најчесто Девиците ќе превртат со очите и ќе ја напуштат битката со мотото „Попаметниот попушта“, иако во себе експлодираат.

Вага
Длабоко во себе веруваат дека луѓето можат да се однесуваат спрема нив онака како што тие се однесуваат спрема другите. Нивното пријателство и дарежливост најчесто се искористувани, па тие најчесто завршуваат повредени, изиграни и губат доверба во секого.

Шкорпија
Ги знаат најдлабоките и најмрачните тајни на луѓето околу себе, но кога ги изневеруваат, или изненадно ќе ги откачат, знаат да им вратат „мило за драго“ така што ги повредуваат на полош начин, преку издавање на тајните.

Стрелец
Имаат моќ да ги приметат сите ужасни луѓе околу нив додека останатите мижат на тоа, но сепак немаат моќ да направат промена. Понекогаш се случува да не успеат да ја завршат задачата која може и мало дете. Мразат нешта кои се во тренд.

Јарец
Остануваат будни длабоко во ноќта со цел да ги завршат работните обврски. Имаат чувство дека постојано треба некому да се правдаат.

Водолија
Луѓето постојано ги преиспитуваат за многу работи. Имаат чувство дека не можат да чекорат независно и мораат постојано да ги проверуваат своите постапки поради тоа што другите се несигурни во нив.

Риби
Им се чини дека постојано ја одбираат погрешната особа во која ќе се заљубат. Тие се секогаш несреќно заљубени и постојано се прашуваат кога ќе ја пронајдат својата сродна душа.

Прегледи:
815
Објавено на:
18.09.2019