Категории

Како еден странец го доживува Скопје

Понекогаш потребно е некој да се израдува на се што имаме денес за да не заборавиме колку убаво би било нашето утре. 

Пред неколку дена во убавините на нашиот главен град Скопје уживаше авантуристот и youtube блогерот  Gabriel Morris или подобро познат како  Gabriel Traveler.  Gabriel повеќе од 20 години патува низ целиот свет, давајќи совети како паметно да ги искористите вашите пари додека патувате и како да го испланирате секое ваше патување во зависност од вашите желби, начинот на кој би патувале, што сакате да посетите и многу повеќе. Тој веќе ја има издадено неговата книга која е насловена:“Gabes Guide to Budget Travel”, и во себе крие многу совети како и предлози за места кои вреди да ги посетите.

                   
За неговите авантури може да прочитате на неговиот медиум профил Gabriel Morris . Неговата најнова авантура е прошетката низ Скопје, неколку локали и ресторани кои би ги препорачал како и неговата средба со Бродот на Среќата и пораките кои ова место ги испраќа. Во неговото видео тој исто така заборува и за историјата на нашата држава интересни факти кои ги сретнал како и впечатоците од неговото искуство истражувајќи го овој град. Видеото можете да го погледнете на следниот линк.
Прегледи:
532
Објавено на:
13.10.2020