Како градското зеленило влијае врз намалување на ефектите на бучавата?

Градските зеленила имаат многу функции – прочистување на воздухот, задржување на пријатни температури, рекреативни дејности и друго. Но имаат и уште една битна улога – ги намалуваат ефектите на бучавата.

Бучавата претставува невидливо загадување, затоа што освен физички, предизвикува и физиолошки негативни ефекти. Бучавата во градот ја предизвикуваат различни индустриски погони, машини, сообраќајот и др. Мешавината од сите овие звуци претставува физички шум кој се одликува со јачина и висина. Звукот се движи во бранови, а неговата фрекфенција (зачестеност) се мери во циклуси во секунда.

Човечкото уво може да слушне звук кој има од 20 до 20000 циклуси во секунда. Јачината
на звукот т.е. неговиот интензитет, се мери во децибели (дБ). Оваа скала е формирана на основа на способноста на човековото уво да ја одреди јачината на поедини звуци. Нулата на децибелската скала одговара на прагот на чујност, додека границата на болка се наоѓа на висина од 130 дБ.

“Градскиот шум” е постојано присутен кај жителите на големите градови. Во текот на еден ден, често и ноќе и дење, граѓаните се изложени на различни звуци, од кои многу влијаат на психичкото, а некои и на
физичкото здравје. Борбата против овој вид на загаденост претставувава една од најважните активности на стручните лица, кои водат сметката за здрава животната средина.

Јачината на звукот на различни сообраќајни средства зависи од видот на нивниот погон, брзината на движење на возилата, снагата на моторот, оддалеченоста од изворот на бучавата и друго. Силните звуци делуваат многу неповолно на човекот, бидејќи централниот нервен систем е напрегнат, се јавува чувство на премореност, нервоза, раздразливост, забрзан пулс и зголемен притисок, а работната способност на човекот е намалена. Испитувањата на некои научни работници покажуваат дека животот во непрекината бучава е пократок во просек за 12 години.

Можноста за смалување на јачината на звукот зависи од природата на она што го обиколува изворот на звукот. Елементите кои се наоѓаат помеѓу изворот на звукот и човекот ја редуцираат јачината на звукот со
апсорпција. Зелените површини и растенијата на нив сите овие функции ги исполнуваат многу успешно.
Одредени испитувања на овие проблеми покажале дека листопадните дрвја во крошните впиваат 25% од звучната еденргија, а 75% ја распрскуваат и одбиваат, додека шумот од улиците без растенија (дрвореди и други облици на озеленување) скоро пет пати е појак од дозволеното за човечкото уво.

Намалувањето на градскиот шум со помош на зелените површини зависи од растенијата и нивниот распоред.
Различните зелени површини различно влијаат на намалувањето на нивото на вревата која е предизвикана од сообраќајот. Најголемо позитивно влијание покажуваат големи површини составени од лисјарски дрвја и грмушки. Намалувањето на нивото на врева кај нив помало за 36% отколку кај обичен дрворед. Јачината на вревата под крошните на дрвјата и грмушките може да биде пониска за 10 – 12 дБ во однос на асфалтираната површина во непоследна близина, додека резултатите од деталните мерења во текот на подолг период во
Москва покажале дека озеленетите улици можат да ја ублажат вкупната врева за околу 30%.

Во текот на различните испитувања одредена е и врската помеѓу јачината на звукот и висината на зградите на улиците; колку се зградите повисоки и јачината на звукот е поголема, па појасите на зеленило мора да
бидат повисоки и пошироки. Така на пример за згради високи 6 спрата кои се наоѓаат покрај фреквентни автопати, ширината на зелениот појас треба да биде околу 70 м. За повисоки згради, ширината на зеленилото треба да биде и поголема. Со мерењето на широчината на појасот на зеленилото од различен карактер и состав, утврдени се различни ефекти во намалување на нивото на врева.




Коментари

[fbcomments]