Категории

Како до густи веѓи на природен начин?

Густите веѓи се во мода и тој тренд ќе потрае. Доколку мислите дека тоа значи помалку грижа, време и пари за нивно одржување, тоа не е точно. Густите, дебели веѓи не се одржуваат лесно. Но, не грижете се – го најдовме токму тоа што ви треба за вашите веѓи да ја добијат потребната густина.

Употребата на црно рициново масло за растење на косата навистина функционира. Ова масло се користи за растење, нијансирање, депилација и потстрижување на веѓите. Рициновото масло го подмачкува фоликулот, кој потоа го потпомага растечкиот процес на веѓите. Тоа е главната состојка во повеќето серуми за раст на веѓите, а одличната вест е дека можете да ја купите во вашата локална аптека.

Секоја девојка која сака да го постигне ефектот “веѓи од 90-те”, дефинитивно може тоа да го направи со овој метод. Се препорачува да се аплицира директно на веѓите и да преноќите со маслото. Првите резултатите се очекуваат за околу две недели, а во тој период треба да се избегнува елиминирање на влакната. 

Кога на ова ќе додадете алое, мед и витамин Е, новите влакна ќе бидат силни, дебели и цврсти, а бидејќи сите овие состојки се на природна база, не се грижете од несакани последици (како промена на бојата или пак на кожата).

Прегледи:
1123
Објавено на:
27.07.2017