Категории

Како изгледа човечкото срце на оној кој неизмерно дарува љубов?

Поучна приказна со силна порака за љубовта и добрината

Некој млад човек имал совршено срце. Немал нити една лузна нити рана на него.
Сите се сложувале дека неговото срце било најубаво. Младиот човел бил горд и се повеќе се фалел со своето прекрасно срце.
Еднаш му пришол на еден старец и му рекол: „Зошто твоето срце не е толку убаво како моето?“

Срцето на старецот силно чукало, но имало многу рани и лузни.
На некои места парчињата биле преместувани и ставани на други места, но не одговарале во потполност. А имало и места на кои недостигале многу парчиња.
Луѓето го гледале старецот со неверување и си мислеле како воопшто може неговото срце да е поубаво од тоа на младиот човек.
Младичот му рекол на старецот: „Моето срце е преубаво а твоето е речиси распаднато.“

А на тоа стариот човек му одговорил: „Гледај, секоја лузна претставува личност на која сум и дарил љубов – сум извадил парче од срцето и сум и го дарувал. Најчесто и тие ми подарувале парче од своето срце кое не било баш совршено.“

Прегледи:
1356
Објавено на:
25.04.2020