Како изгледа кога 18 панди прославуваат 1. роденден? Добредојдовте во најзабавната градинка во светот!

Погледнете како ги отвораат овие преслатки панди подароците и ужуваат во роденденот. Во засолништето за џиновски панди во резерватот во Кина деновиве владее особено весела атмосфера. 18 млади џиновски панди го прославија својот прв роденден!

Веселбата беше проследена со соодветни декорации, храна и голем број подароци. Славениците веднаш започнале да ги отвораат спакуваните подароци, додека некои од нив се забавувале шетајќи и разгледувајќи ги декорациите.

Инаку, сите 18 панди наполниле една година помеѓу јуни и септември, па вработените во резерватот одлучиле да им подготват заедничка журка.

Одлуката дефинитивно била полн погодок, а неодоливите фотографии се раширија по медиумите со брзина на светлината.



Коментари

[fbcomments]