Видео: Како изгледа сега момчето од фотографијата што го трогна светот

Пред повеќе од еден месец ширум светот се појавија слики од 3 годишно момче во Нигерија кое било оставено да умре бидејќи жителите го сметале за вештер.

Од сигурна смрт го спаси данскиот социјален работник Ања Рингрен Ловен која денеска објави нова фотографија од момчето кое изгледа далеку подобро.

– Денот кога го земав во раце ова малечко момче бев сигурна дека нема да преживее. Секој здив претставуваше борба и не сакав да умре без име и достоинство, затоа му дадов име Хоуп – Надеж.

– Тоа е посебно име. Не само значењето на зборот – надеж, туку и поради тоа што ми претставува на мене лично. Многу одамна на раката го тетовирав овој збор „Hope“ поради значењето: Помагај на една личност секој ден (Help One Person Everyday)“ – објаснила Ања Рингрен Ловен .

Детето беше напуштено во подрачјето Ојо на основа на обвиненијата за вештерство, а Рингрен Ловен му пружи храна, вода и медицинска помош.

Фотографијата ги поттикнала луѓето да донираат повеќе од милион долари во нејзината организација, која им помага на децата обвинети дека практикуваат вештерство.




Коментари

[fbcomments]