Категории

Како изгледа совршената жена во очите на речиси секој маж

Иако е тешко да се исполнуваат сите од тие критериуми, на мажите ќе им бидете доста привлечни и интересни ако сте особено јаки на овие полиња.

Колку и најчесто да се уверуваме дека жените се значително посложени битија од мажите, тоа во реалноста и не е баш така. Многу припадници на посилниот пол имаат точно зацртана слика околу тоа како изгледа нивната совршена жена. Иако е тешко да се исполнуваат сите од тие критериуми, на мажите ќе им бидете доста привлечни и интересни ако сте особено јаки на овие полиња.

Самодоверба
Мажите сакаат жени кои имаат свој став и свое мислење. Колку и да ви се чини дека мажот сака потполна доминација во врската, нема ништо подосадно од жена која се сложува со се и ги гази сопствените зборови. Освен тоа, немојте пред посилниот пол да се жалите на своите физички недостатоци и да укажувате на нив. Нема ништо поубаво од жена која се чувствува одлично во своја кожа и не се плаши да го докаже истото.

Смисла за хумор
Оваа особина е дефинитивно една од пресудните. Заедничката смисла за хумор ја одржува врската здрава и на некои, не толку позитивни ситуации им дава зрак светлина.

Почитување на приватноста
Одолејте на желбата да му ги читате пораките и немојте да го спречувате да се дружи со своите пријатели без вас. Дозволете си на себеси а и нему слободно време во кое ќе правите нешто кое не сакате да го правите заедно. Кога вашиот партнер ќе отиде со друштвото да гледа фудбал, искористете го тоа време за малку спа третмани и ритуали.

Интересна личност
Не задолжително за него, туку за себе. Пронајдете хоби, читајте, занимавајте се со спорт или било каква физичка активност, продолжете со образованието. Не постои ништо попривлечно од интелигентна жена која добро се снаоѓа во секој разговор.

Таинственост и мистериозност
Не дозволувајте никој да ве чита како отворена книга. Изненадете го вашиот драг со нешто кое никогаш не би го очекувал од вас, покажете му некои вештини кои ги поседувате, кои претходно не сте му ги откриле и никогаш никому немојте да му ги откривате сите свои тајни.

Цврст карактер
Немојте во нити еден миг да се правите нешто што не сте. Покажете ја вашата вистинска личност и карактер и бидете верни на самите себеси. Никому нема да му биде пријатно кога ќе открие дека поминувал време со глумица.

Насмевка
Последно, но не и помалку важно. Дури неколку секунди вештачки наместена насмевка може да го поправи расположението и да се претвори во вистинска насмевка од срце. Смејте се што почесто. Ниеден маж не може да одолее на блескава женска насмевка.

Прегледи:
761
Објавено на:
31.05.2020