Категории

Како изгледа среќно засолниште за животни? (ВИДЕО)

Постојат луѓе кои имаат за цел животот да го посветат на хуманитарни работи. Некои сакаат да се посветат на грижа за напуштените деца, други на луѓе со тешки животни судбини. Но, постојат и луѓе кои сакаат својот живот да го посветат на животните.

Ова семејство својот имот го има претворено во засолниште за коњи. Многу од нив имаат тешка приказна позади себе. Но, она што е најубаво е нивната поврзаност со кучињата германски доги.

Едно од тие кучиња е кучето Баркли, кое ја поттикнува среќата кај многу животни. Баркли им помага на другите животни да сфатат дека дошле на вистинско место, кое ќе ги врати во живот. Негов најдобар пријател е кобилата Петул. Тие постојано се гушкаат и ја искажуваат љубовта на различни начини.

Овој имот е дом и на многу други животни, кои сигурно се многу среќни што завршиле токму таму.