Како изгледаа познатите личности на доделувањето на музички награди Billboard Music Awards?

Се одржа доделувањето на музичките награди во Лас Вегас – Billboard Music Awards. Во текот на доделувањето пееле браќата Џонас, Мадона, Ариана Гранде, Киара, Тејлор Свифт и други. Меѓутоа, вистинската журка била на самиот почеток т.е на црвениот тепих. За оваа пригода музичарите се одлучиле да дојдат облечени во чудна гардероба.

 

Многумина од нив се одлучиле за екстремна облека за да бидат забележани. Една од нив е и Карди Б која дошла во придружба на својот сопруг со кој страстно се љубела на црвениот тепих. Меѓутоа, вниманието на гледачите го привлекло нејзиното чудно деколте па сите коментирале како Карди има исклучително лоша операција на гради.




Коментари

коментари