Категории

Како љубовта успеа да ме пронајде тогаш кога се најмногу бегав од неа

Не, љубовта не ме пронајде кога ја барав по светот. Љубовта не ме пресретна на половина пат. Љубовта ме пронајде тогаш кога се откажав од неа, тогаш кога кренав раце, ја пречкртав од мојот живот.

Љубовта почука на мојата врата, јас не одговорив, но таа сепак пронајде начин како да влезе внатре.
Таа успеа да ја скрши бравата, да пронајде пат во мракот откако ги изгаснав сите светилки и се околу мене стана мрачно како слепило.

Љубовта мораше да чекори по несигурен под, насекаде стакло и неред. Љубовта мораш да го сруши ѕидот пред да стигне до мене.

И тогаш го стори токму тоа, ме пронајде. Ме пронајде сокриена во соба толку мрачна и студена што само зрак од нејзината светлина ме ослепуваше.
Ме преплашуваше. Никогаш не видов нешто толку прекрасно, нешто толку силно и посветено.

Не и верував на љубовта. Не си верував нити на себеси. Правев секакви нешта за да ја избркам од себе, за да направам таа да избега, да ме остави да умрам сама.

Но љубовта не побегна. Таа ги зари своите прсти уште подлабоко во мојата кожа. Ми даде до знаење дека ништо нема да ја скрши нити да ја натера да се откаже. Таа ми даде до знаење дека ќе се бори за мене и мојот живот – затоа што верува во мене.

Љубовта ме научи како да сакам. Љубовта ми покажа како да дишам, како да се борам и како да живеам. Ми ја држеше раката и чекоревме заедно низ огнот.
Љубовта и јас, заедно се издигнавме од пепелта.

Прегледи:
560
Објавено на:
09.10.2020