Категории

Како мажите ги избираат своите љубовници? „Другата жена“ не е онаа на која би помислиле

Неверните мажи откриле како ги бираат жените кои ќе им бидат љубовници!

Неверствата се денес толку чести, што луѓето кои имаат партнер/ка кој не ги изневерува се вистински среќници. Ако некогаш сте се запрашале дали треба да се грижите поради некоја одредена жена во вашето опкружување, можеби одговорот ќе ви биде појасен кога ќе прочитате како мажите ги бираат љубовниците.

Имено, спроведеното истражување во кое учествувале 1.300 испитаници покажало дека дури 27% од мажите, во случај да се незадоволни во врската, се обиделе да ја заведат колешката од работа.

Иако, прво што ни паѓа на памет кога ќе се спомене терминот љубовница е некоја сексапилна жена, вистината е дека не мора да биде така, туку тоа е личност која е блиска со мажот и некоја која веројатно ви ја споменувал во одреден момент.

Што значи, мажите за љубовница најчесто бираат некоја жена која веќе ја познаваат.

Секако, постојат и оние кои би сакале да запознаат некоја нова девојка и да имаат секс за една вечер, а потоа да продолжат со својот живот како ништо да не се случило.

Податокот кој ќе пробуди сомнеж речиси во секоја жена е дека дури 99% од испитаниците ( важно е да се наведе дека испитаниците се од сајт за запознавање прељубници) веќе имале афера или сериозно размислуваат да започнат. Поголемиот дел од нив како мотив го наведуваат сексот за да ги задоволат своите потреби.

Прегледи:
485
Објавено на:
27.10.2021