Како мажите знаат дека опасно се заљубиле?

Машката и женската заљубеност не е иста, затоа ви откриваме како мажите препознаваат дека почнале да се заљубуваат во својата девојка

Во своите дваесетти, мажите се заљубуваат на секој чекор или глумат дека се заљубени за да освојат некоја девојка. Сепак, постојат некои знаци кои откриваат кога всушност се работи за онаа вистинска љубов. Шест храбри момци ги споделија своите искуства кои ќе ве разнежнат поради нивната искреност.

„Веќе пет години секој ден играм Playstation со другарите. Единствено прифаќаме смртни случаеви за оправдана причина за отсуство, секоја моја девојка знаела дека тој ден во неделата е резервиран за моите другари па се помирила со тоа. А тогаш кога ја запознав неа толку се заљубив што прескокнав два петоци. Пријателите сериозно се загрижија за мене, но еве денес јас и таа сме во среќен брак. Петок? Па сега играм секој втор петок, тоа е одличен заеднички компромис.“ – Марко 29

„Кога нејзиното име се обидувам да го вметнам во секој разговор. Од типот – вчера дојде еден водоинсталатер. – Другар зошто не ми кажа, мојата девојка Марија има пријател кој е одличен водоинсталатер. Види денес колку е убаво небото, исто како очите на Марија.
Кога ќе почне ова, знам дека сум „готов“.“ – Филип, 21.

„Кога не ми е тешко да се допишувам со часови, што во нормални околности го презирам“ – Јован, 25.

„Кога посакувам да ја запознаат со пријателите и можам да се замислам во брак со неа, што досега не се случило“ – Александар,32

„Кога чувствувам љубомора поради глупости. Тогаш знам дека ми е грижа“ – Иван, 22

„Кога имам потреба да планирам заеднички викенди за да поминувам што повеќе време со неа, и кога не можам да престанам да мислам на неа“ – Христијан, 28.




Коментари

коментари