Како на вкусен начин да го употребите стариот леб?

На сите ни се случило да фрлиме леб кој ни останал од претходниот ден. Затоа во прилог имаме рецепт за наједноставно и најбрзо,а воедно и превкусно рециклирање на стариот леб.

Потребни состојки:

  • стар леб
  • 2 јајца
  • 2 чаши јогурт (од 200мл)
  • 1 чаша масло за готвење (200мл)
  • по желба кисело млеко
  • сол

Постапка:

1. Стариот леб исечете го на коцкички и ставете го во сад за печење.

2. Со миксер изматете ги јајцата,јогуртот и маслото за готвење.Додадете и сол, но внимателно затоа што лебот веќе е солен. Количината на масло можете и да ја намалите. Додадете ја смесата врз коцките леб.

3. Печете на 200 степени околу 30 минути. По желба можете да премачкате со кисело млеко и да вратите во рерна уште малку да се допече.

Пријатен апетит!




Коментари

коментари