Категории

Како до најдобра профилна фотографија на Фејсбук?

Во истражување спроведено од тим од Универзитетот во Нов Јужен Велс се дошло до заклучок дека корисниците на социјалните мрежи оставаат повеќе впечаток ако фотографијата им ја одбере странец.

Тие заклучиле дека луѓето грешат кога избираат фотографија за која веруваат дека ги прикажува во најдобро светло, а впечатокот кој се остава влијае на тоа дали ќе бидат вработени или дали можеби ќе гласаат за Вас.
Во состав на студијата 102 студенти одбрале 12 фотографии – оние кои би ги поставиле за профилна фотографија и оние за кои не би го сториле тоа. Истото за нив го сториле и потполни странци.

Се покажало дека испитаниците бирале фотографии кои ги сметале за најдобри, но и дека странците не ги гледаат баш така. Затоа истражувачите препорачуваат следниот пат кога ќе ја променувате профилната фотографија на било која социјална мрежа, да замолите некој странец да го стори тоа за Вас.

изворфакултети.мк

Прегледи:
448
Објавено на:
01.05.2017