Категории

Како најпознатата македонска апликација за мерење на загаденоста на воздухот помага на фамилии погодени од COVID-19 пандемијата

Македонската апликација AirCare, попозната како МојВоздух, се смета како една од најпознатите општествено одговори апликации направени во државата, со над 200.000 преземања, која за време на високото загадување, ги информира граѓаните за квалитетот на воздухот што го дишат.

Од 04.05.2020 година, AirCare отвара нова можност за корисниците – тие да станат амбасадори за чист воздух! Преку симболична месечна донација од 5,99 долари, секој граѓанин може да стане амбасадор на AirCare, и со тоа да добие пристап до ексклузивна група на амбасадори каде што се објавуваат настани, работилници и вебинари за амбасадорите, како и да помага во одлучувањето за развојот на Aircare.

Најважната улога на амбасадорите на AirCare, е фактот дека 50% од секоја донација се канализира до фамилиите најмногу погодени од економските последици од КОВИД-19 во земјата на корисникот. На тој начин, секој може да се вклучи во помошта таму каде што е најпотребно овој период.

Конкретно во Македонија, 50% од обезбедените средства во првиот месец, AirCare ќе ги користи за составување пакети за храна до социјално загрозени семејства преку Црвениот Крст. За секој нареден месец, амбасадорите ќе бидат тие кои со гласање ќе одлучуваат каде ќе се насочуваат тие средства. Секоја акција и доставување на пакетите со храна транспарентно ќе биде објавувано на платформата.

“Мисијата на AirCare е грижата за општеството и граѓаните, како и за нивното здравје, и тие ни се на прво место! Токму поради тоа одлучивме 50% од секоја донација да ја испратиме онаму каде што е најпотребна. Во овие месеци, тоа се фамилиите погодени од КОВИД-19, но откако ќе ја надминеме оваа криза, тие 50% ќе се пренасочуваат до еко организациите во секоја земја за да помогнеме во нивната борба за чист воздух” – вели Горјан Јовановски, креаторот на AirCare. Тој додава дека со ова ќе се овозможи инклузивен систем за помош, каде секој/а во рамките на своите можности ќе може да помогне за општото добро и колективното зравје.

Апликацијата е достапна за Android и iOS телефони, и може да се преземе директно од овој линк.

Прегледи:
501
Објавено на:
06.05.2020