Како пар од бајките: Ќерката на Џони Деп го пронајде својот принц

Лили Роуз Деп и Тимоти Чаламет се новиот славен пар за кој сите зборуваат. Тие се појавија заедно на црвениот тепих во Венеција, објавувајќи ја нивната врска.

Ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради која полека ги следи стапките на својот татко е израсната во Париз, исто како и Тимоти, па заедничките француски корени сигурно биле причина плус тие да се спојат. 23-годишниот актер кој се прослави со улогата во филмот “Call me by your name”, наскоро ќе го промовира долго исчекуваниот филм “The King” кој побуди огромна заинтересираност, во кој актерот го игра кралот Хенри V.

Славниот пар самоуверено чекореше по црвениот тепих не криејќи ја својата романса, а нивните ускладени стајлинзи побудија големо одушевување од публиката. Кога го запрашаа за врската со популарната актерка и модел, Тимоти одговори дека Лили е прекрасна во секоја смисла и го остава без зборови.




Коментари

коментари