Категории

Како првилно се држи винска чаша и се пие вино?

(ВИДЕО) Ова е корисно да го знаете.

Одгледувањето грозје, производството, бирањето и пиењето вино претставува посебна гастрономска област или винска култура со која се занимаваат пасионирани вљубеници на виното и врвни познавачи. Постојат секако и луѓе кои не се љубители на вино, но и такви кои не знаат дали го сакаат затоа што е создадена фама околу овој алкохолен пијалак поради што не се осудуваат да му се препуштат за да не се посрамотат. Дури и ја држат чашата срамежливо затоа што не знаат како точно треба. Но наскоро тоа нема да биде веќе случај.

Винската култура опфаќа многу нешта, од познати сорти на грозје, сорти вино, производители, географско потекло, читање етикети на шишињата, до правилно ладење, сипање, дегустирање и пиење. И да, важно е и во каква чаша се служи виното.

Пред да дознаете кој вкус најмногу ви годи и се што носи винската гастро-култура, а за тоа ќе ви биде потребен краток курс, не е на одмет да научите и да ја држите чашата вино и да знаете како треба да го пиете.

Накратко, округлите односно т.н. балон чаши се користат за црно односно црвено вино. На тој начин доаѓаме до вистинското буке – арома која ни ја дава виното. За служење пенасти вина и шампањи користиме долги чаши затоа што во нив најдолго се задржува јаглерод-диоксид кој е важен.
Белото вино се служи во тесни чаши затоа што така најбавно се лади.

А како правилно да ја држите чашата за вино?
Одговорт е едноставен и гласи: Чашата се држи за ногата а никогаш за стапалото (основата на чашата), бидејќи кога ја држите чашата за балонот вашите раце брзо ќе го загреат виното. Ова се однесува за сите чаши.

 

Прегледи:
279
Објавено на:
10.12.2020