Категории

Како различни луѓе се справуваат со тагата?

Тагата мора да постои во животот, за да знаеме потоа да ја препознаеме и да ја цениме среќата. Но, тагата не е секогаш лесна за справување, некогаш таа може да биде толку длабока што не можеме да функционираме нормално со денови или недели.

Поставивме анонимна анкета за тоа како луѓето се справуваат со тагата, и ова беа одговорите:

„Се дружам со моето куче“

„Помага Вашата страница :) “

„Некогаш си замислувам некој од постоечките пријатели, или нова личност, и разговарам со нив во својата глава. Полесно ми е да ги раскажам проблемите на непостоечка личност, отколку на вистинска, која може да ме суди или да прекаже на други.“

„Пејам на цел глас.“

„Правам „листи на благодарност“ – секој ден пишувам по 3 работи за кои сум благодарна.“

„Разговарам со жена ми. Таа ми е најголема поддршка во животот.“

„Ова можеби звучи чудно, но во такви моменти сакам да се јавам на луѓе кои се во понезавидна ситуација од мене и да се обидам да им помогнам со нешто. На пример, ѝ се јавувам на баба ми и ја прашувам дали може да ѝ купам нешто, ѝ се јавувам на една пријателка која пати од хронична депресија и ја прашувам како е или дали можам да ѝ помогнам некако… така, знам дека некому сум му потребна, и тоа ми дава волја за живот.“

„Лежам доооолго во када“.

„Гледам смешни видеа од животни.“

„Јога засекогаш!“